Насловна
Продолжува делењето на Отчетот за реализираните дела на градоначалникот на Општина Кисела Вода во периодот 2013-2017 година. Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес беше во Црниче, Пржино и Теферич, каде им врачи примерок на жителите на овој дел од Општината.
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат жителите од улиците „Антон Попов“ и „Виктор Иго“.
Од РЦУК - Скопје, известуваат дека прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.
Повеќе жители на селото и населбата Драчево и населбата Пинтија денес од градоначалникот на Општина Кисела Вода добија примерок од Отчетот на Општина Кисела Вода. Заеднички се дискутираше за сработеното во средината каде живеат и колкав дел од 1460-те проекти колку што изреализира оваа локална самоуправа се наоѓаат во нивниот дел од градот.
Повеќе: Отчетот на Општина Кисела Вода врачен на дел од жителите
Општина Кисела Вода информира дека утре од 09 часот без вода ќе останат жителите од населбата Драчево.
Од ЈП Водовод и канализација, известуваат дека прекинот со водоснабувањето е поради санација на електрична инсталација во пумпната станица Драчево и ќе трае се до завршување на работните активности.
Работејќи во континуитет на подобрување на условите на сите свои жители, вклучително и жителите на Пинтија, Општина Кисела Вода реализираше бројни проекти и во оваа населба. Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности кои се одвиваат на улицата “Саса 2”.
Повеќе: Општина Кисела Вода вложи преку 2 милиони евра во населбата Пинтија