Насловна
Акција за собирање на кабаст отпад ќе се одвива во општина Кисела Вода во петок и сабота (28 и 29.07.2017година). Општина Кисела Вода, преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита во соработка со ЈП Комунална хигиена Скопје при Град Скопје, ќе ги спроведе активностите по сите урбани и месни заедници на територија на општината.
Повеќе: Акција за собирање на кабаст отпад во петок и сабота во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода распиша тендер за реконструкција на кракот 6 на улицата “Христо Татарчев”.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе ја реконструира ул."Христо Татарчев-Крак 6"
Уникатната македонска поп ѕвезда Сара Мејс, синоќа одржа спектакуларен концерт во Паркот на бранителите во населбата Драчево.
Културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2017” е во полн ек. Звучни музички имиња и популарни музички групи, и годинава ги забавуваат посетителите на 12-тото по ред издание на оваа манифестација. Утре вечер, сабота, во Паркот на бранителите во населбата Драчево, концерт ќе одржи македонската поп ѕвезда Сара Мејс.
Повеќе: Во сабота концерт на Сара Мејс во Паркот на Бранителите во населба Драчево
Увид во градежните активности кои се одвиваат во Усје, денес изврши градоначалникот на Општина Кисела Вода.