Насловна
Отпочнаа градежните работи за целосна реконструкција на улица “Партизански пат” во месноста Порупи во селото Драчево.
Повеќе: Општина Кисела Вода целосно ја реконструира ул."Партизански пат" во с.Драчево
Во основните училишта во општина Кисела Вода со пригодна свеченост беше одбележан Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Женскиот кошаркарски шампион ,,Бадел 1862“ останува неприкосновен во македонската женска кошарка. Со третата едноподруго победа над КК Вардар, во рамките на плеј-офот, овојпат со 73:43, кошаркарките од Кисела Вода четврти пат во низа ја освоија престижната шампионска титула во македонската кошарка.
Јавните детски градинки во Драчево добија нов подобрен лик. Нема повеќе графити и шкртаници на нивната фасада кои не доликуваа на установа која згрижува дечиња од предшколска возраст. Во изминатиот период во соработка со Општина Кисела Вода, активно се работеше на санација на оштетувањата на фасадата во градинката “8 Март”, објектите “Пеперутка” 1 и 2 во населбата Драчево и објектот “Ѕуница” во селото Драчево.
ЈП “Комунална Хигиена” и Општина Кисела Вода, преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и Скопје на 19.05.2017 година (петок) и 20.05.2017 година (сабота) од 07:00 – 11:00 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад на територија на општината.