Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Димо Хаџи Димов бр. 15а ќе останат без струја.
Работејќи во насока на подигнување на квалитетот на урбаното живеење на својата територија, општина Кисела Вода објави јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на нови или изменување и доплнување на постоечките урбанистички планови.
Заинтересираните граѓани и правни лица иницијативите можат да ги достават во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам или во писмена форма во архивата на општина Кисела Вода.
Сите оние кои се заинтересирани за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови тоа може да го направат најдоцна до 02.05.2017 година, односно еден месец по објавувањето на соопштението во јавното гласило и на веб страната на општина Кисела Вода. Истото е и обврска на општината, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи во соработка со граѓаните и правните лица на својата територија да создава квалитетни услови за живот за сите свои жители.
Општина Кисела Вода денес отпочна со дератизација на јавните површини на нејзината територија. Постапката за уништување на глодарите започна од населбата Драчево, а со истата, во наредните дваесет дена ќе бидат опфатени јавните површини и низ останатите месни и урбани заедници низ општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода започна со пролетна дератизација
Денес дечињата од градинките во Општина Кисела Вода маскирани во нивните омилени ликови од цртаните филмови и приказни го одбележаа денот на шегата.
Повеќе: Дечињата од градинките во Кисела Вода го одбележаа денот на шегата
Општина Кисела Вода денес додели нови 41 ваучер за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1873. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 41 ваучер за новороденчиња