Насловна
Ве известуваме дека педесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 10 март 2017 година (петок) со почеток во 11:00 часот
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 50-та пленарна седница
Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, минатонеделната акција за собирање на кабаст отпад ќе продолжи и во наредните два дена.
ЈП “Комунална Хигиена Скопје” во соработка со Општина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и социјална заштита, овој петок и сабота,ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад и градежен шут на територија на општината.
Општина Кисела Вода известува дека денес во временскиот период од 13:00 до 14:30 часот без напојување со електирчна енергија ќе останат корисниците од ул. Стојан Стојановски, додека пак во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. Михаил Чаков ( кај станицата за Технички Преглед ), станицата за Технички Преглед и корисниците од Бул. Борис Трајковски, а во периодот од 08:30 до 14:00 часот без електрично напојување ќе останат и корисниците од ул. Лазар Димитров.
Како што информираат од ЕВН Македонија, причините за прекините ќе бидат поради технички зафати во електросистемот.
Со посетата на Општина Кисела Вода од страна на градоначалникот Коце Трајановски, денес беше означен почетокот на четиринаесеттиот циклус на посети на скопските општини. Заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, во присуство на директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и претставници на градската и општинската администрација, ја отпочнаа пролетната акција за расчистување на оваа општина.
Повеќе: Започна пролетно расчистување на општина Кисела Вода
Голема акција за собирање на кабастиот отпад се одвива оваа седмица во општина Кисела Вода. преку секторот за Месна самоуправа и социјална заштита, заедно со ЈП “Комунална Хигиена“ Скопје.