Насловна
Општина Кисела Вода денес додели нови 41 ваучер за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1789. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели нови 41 ваучер за новороденчиња
Во првиот месец од годината, на спортски план, се сумираат спортските резултати на клубовите, реализирани во минатата година. Во општината Кисела Вода, приматот најуспешни им припадна на женските шампионски клубови на кошаркарскиот клуб Бадел 1862 и одбојкарски клуб Јанта Волеј. И, двата клуба своите тренинзи и натпревари ги реализираат во спортската сала ,,Независна Македонија“. Оттука, општината Кисела Вода, направи вистински избор,што во минатата сезона ги спонзорираше шампионските екипи на ЖКК Бадел 1862 и на ЖОК јанта Волеј.
Повеќе: КК Бадел 1862 и ОК Јанта Волеј најуспешни спортски клубови во Кисела Вода
На 48-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 25.01.2017 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 48-та пленарна седницa
Ве известуваме дека четириесет и осмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 25 јануари 2017 година (среда) со почеток во 11:00 часот.
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 48-та пленарна седница
Продолжува процесот на легализација во општина Кисела Вода. Нови 52 семејства од општина Кисела Вода денес се стекнаа со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект.