Насловна
Општина Кисела Вода денес додели нови 46 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1698. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.
Повеќе: Ваучери за уште 46 новороденчиња од општина Кисела Вода
Нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти денес додели општина Кисела Вода. Со тоа, од досега поднесените 13853 барања, бројот на легализирани бесправно изградени објекти се искачи на 5130 или решени се околу 37% од предметите.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3845. Исто така, изготвени се уште 221 урбанистички согласности, од кои, за 174 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Повеќе: Досега 5130 легализирани дивоградби во општина Кисела Вода
По кусо и тешко боледување, почина Претседателот на Урбаната Заедница Црниче, Петре Стефаноски (03.06.1935 -11.11.2016). Со својата неуморна и посветена работа тој даде голем придонес во реализацијата на голем број проекти од ралични сфери во доменот на одлучување на општина Кисела Вода и на градот Скопје. На тој начин, како Претседател на Урбаната Заедница, на која позиција беше од 2005 година, директно работеше на унапредување на условите за живеење во урбаната заедница Црниче за сите нејзините жители. Ќе биде запаметен по својата харизматичност, сестраност, човечност... Беше сопруг и татко, голем другар. Ни беше особено задоволство и огромна чест што беше наш соработник.
Слава му!
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 13 ноември - Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор. На овој ден пред точно 72 години македонските партизани по целодневните деноноќни борби, водени низ градските улици го ослободија Скопје од фашистите.
Овој ден нека ни биде потсетник за херојството на македонските партизани кои со својата борба за слобода придонесоа градот Скопје да се развива и да прерасне во вистинска метропола.
Не ни е честит и вековит 13 ноември - Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.
Можноста со своите идеи, предлози и сугестии да бидат активни учесници во креирањето на приоритетните проекти за буџетот за 2017 година кој во периодов се подготвува, вечерва ја искористија жителите на Расадник и Припор. Овие две урбани заедници вечерва беа посетени од Претседателот на Советот на општина Кисела Вода и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници од ЈП “Водовод и канализација” и од Полициската Станица од Општа Надлежност- Кисела Вода.
Повеќе: Работна посета на урбаните заедници Расадник и Припор