Насловна
660 првачиња од општина Кисела Вода денес свечено беа примени во Детската организација.
Повеќе: Првачињата од општина Кисела Вода примени во Детската организација
Македонскиот кошаркарски шампион во женска конкуренција ,,КК Бадел 1862“ денеска ги започнува натпреварите во АБА лигата. Прв противник ќе биде словенечкиот шампион ,,КК Атлете Цеље“. Интересно е дека македонскиот шампион беше слободен во првото коло, додека ,,КК Атлете Цеље“ беше поразен од бугарскиот шампион Монтана со 77:71.
Поради изведување технички зафати во електромрежата утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Кисела Вода. Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат фирмите во кругот на поранешна Стаклара.
Од денес, општина Кисела Вода спроведува дератизација на јавните површини на нејзината територија. Постапката за уништување на глодарите започна од урбаната заедница 11 Октомври Бараки, а со истата, во наредните две седмици ќе бидат опфатени јавните површини и низ останатите месни и урбани заедници низ општината.
Во интервју дадено за порталот ПРЕС 24, градоначалникот на општина Кисела Вода говори за досегашните активности и новите проекти на оваа локална самоуправа. Целосното интервју можете да го прочитате на следниов линк:
ИНТЕРВЈУ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЗА PRESS24
Повеќе: Интервју на градоначалникот на општина Кисела Вода за PRESS24.MK