Насловна
Oпштина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на утре и задутре, 29.07. и 30.07. 2016 година, од 07:00 – 11:00 часот ќе спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад на територија на општината.
Повеќе: Утре и задутре ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода
Нова соседска патрола се одвиваше синоќа низ општина Кисела Вода. Претставници на локалната самоуправа, на месните заедници, на Советот на општината, претставници на Полициската станица од општа надлежност-Кисела Вода, на Одделението за превенција при СВР Скопје, жители на општината, до доцна во ноќта вршеа обиколка на повеќе локации низ општината каде што има собирање на млади лица во доцните часови, места каде што има евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а понекогаш и регистрирани кривични дела.
Седмица исполнета со музика, забава, хумор и добро расположение. Вака накусо може да се опише она што се случуваше во месноста Три круши во изминатите денови. Во рамки на културното лето “Три круши 2016” кое ќе се одвива се до крајот на месецов, минатата недела во организација на општина Кисела Вода, настапија звучни имиња.
Вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути, македонската поп ѕвезда Верица Пандиловска ќе одржи целовечерен концерт во верско рекреативниот центар Три Круши.
Вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути, големата фолк ѕвезда Сузана Спасовска заедно со групата Академци ќе настапат во верско рекреативниот центар Три Круши.