Насловна
Општина Кисела Вода Ви ви го честита Денот на сесловенските светители и просветители, браќата Кирил и Методиј.
Доследноста кон нивното големо дело значи продолжување на нивната мисија за културен развој, достоинство, право на идентитет, писменост и култура.
Повеќе: Честит и вековит 24 Мај, Ден на сесловенските просветители
Општина Кисела Вода информира дека преку секторот за месна самоуправа и соработка со НВО во соработка со ЈП Комунална хигиена на 20.05.2016 г. и 21. 05.2016 година од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад на територија на општината.
Повеќе: Утре и задутре ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода
По минатонеделните 50, општина Кисела Вода денес додели уште 50 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 4732, или една третина од пристигнатите 13849 барања за легализација.
Повеќе: Продолжува континуитетот на легализација во Кисела Вода. Легализирани 4732 дивоградби
Општина Кисела Вода денес, во Големата општинска сала организираше прием за одбојкарките на “Јанта Волеј”. Овој клуб од Кисела Вода е македонски шампион во женска сениорска конкуренција во одбојка, за што Одбојкарската Федерација на Македонија денес им го врачи пехарот во салата “Независна Македонија”. За унапредување на спортот, од страна на општината им беше врачена благодарница.
Повеќе: Шампионките од одбојкарскиот клуб “Јанта Волеј”на прием во општина Кисела Вода
Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, вработени и директори на основните училишта и градинките од овој дел на градот, жители на општина Кисела Вода, денес беа дел од акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.