Насловна
Руиниранотo кино во селото Драчево ќе добие сосема нов лик. Во тек е неговата реконструкција.
Повеќе: Руинираното кино во село Драчево ќе прерасне во Дом на културата
Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода организира крводарителска акција која ќе се одржи утре, петок 13 мај , од 11 до 15 часот, во големата сала на општината. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Општина Кисела Вода легализираше уште 50 дивоградби. Со тоа, бројот на дивоизградени зданија во овој дел на градот, кои се здобија со правен статус, се искачи на 4682.
Со низа случувања, денес општина Кисела Вода по 18-ти пат го одбележа својот патронен празник - Ѓурѓовден. Одбележувањето започна со литургија во црквата Св. Ѓорѓи на која присуствуваше делегација од општината, предводена од претседателот на Советот. Од булеварот “Борис Трајковски” отпочна цветно дефиле, составено од неколку стотини деца од сите основни училишта и градинки од општината, предводена од , со цвеќе накитен, двокатен панорамски автобус.
Повеќе: Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник- Ѓурѓовден
На ракометниот турнир ,,Ѓурѓовден 2016“ во женска конкуренција триумфираше екипата на ОУ ,,Круме Кепески“.
Повеќе: ОУ ,,Круме Кепески“ триумфираше на ракометниот турнир