Насловна
Почитта кон христијанските вредности, радоста кон животот, љубовта кон Бога и ближниот и во овие празнични денови нека бидат присутни во секој дом во кој се слави победата на животот над смртта, симболот на Велигден. Со желби за убави и среќни мигови, на сите верници со католичка вероисповед, општина Кисела Вода им посакува среќни Велигденски празници!
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со извршниот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ и раководителот на портфолиото на ГИЗ-Македонија Соња Андонова, Претседателот на Советот на општината Трајче Донев и пратеникот Светлана Јакимовска, денес ја пресекоа лентата и ја пуштија во употреба енергетски обновената градинка “8 Март” во населбата Пржино.
Повеќе: Општина Кисела Вода ја пушти во употреба енергетски обновената градинка во Пржино
Дечињата од општина Кисела Вода го прославија првиот ден на пролетта.
Повеќе: Дечињата од Кисела Вода засадија цвеќе за добредојде на пролетта
Фудбалски топки и дресови денес добија учениците од OOУ “Кирил Пејчиновиќ” од страна на фудбалерите од македонската младинска репрезентација. Донацијата e oбезбедена преку соработката на ФФМ со Општина Кисела Вода преку Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и OOУ “Кирил Пејчиновиќ”.
Жителите на улицата „Славка Динкова“ утре од 9 до 13 часот ќе бидат без електрична енергија.
Причина за прекинот се технички зафати во електро системот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на известување добиено од ЕВН Македонија.