Насловна
По добиено известување од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, општина Кисела Вода, информира дека утре во периодот од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Невена Георгиева – Дуња“, од 09:00 до 11:30 часот корисниците од ул. „Михаил Чаков“ со бр. 100 и 102, а од 08:30 до 15:00 часот без електрично напојување ќе останат корисниците од ул.„Герника“ со подулиците на патот кон Тулана, подулиците 3, 5, 7, 9, 11 и 13 од ул. „Ратко Митровиќ“ и делот од Драчево кон с. Долно Лисиче пред пругата во општина Кисела Вода.
Прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат поради технички зафати во електросистемот.
Општина Кисела Вода информира дека утре, од 09:00 до 11:30 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „Михаил Чаков“ бр.100 и бр.102. Од 12:00 до 14:00 часот, пак, корисниците од ул. „Козјак“ бр.3, бр.27а и 27б, бр.29а и 29б. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Првиот месец од оваа година општина Кисела Вода го затвора со доделување на 30 ваучери за семејствата кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парична помош.
Повеќе: Новороденчињата повторно добија ваучери од општина Кисела Вода
Урбаната заедница Кисела Вода денес ја прими наградата од компанијата „Нула Отпад”, како најуспешна во големата еколошка акција за собирање на електронски и електричен отпад од сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода.
Повеќе: Урбаната заедница Кисела Вода ја подигна наградата за најуспешна во собирање е-отпад
Општина Кисела Вода информира дека во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата за водоводен приклучок денеска без вода ќе останат корисниците од улицата “Христо Татарчев” од бр.20 до бр.32, како и корисниците од улицата “Петар Дељан”. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот на снабдување со вода е поради изведување водоводен приклучок од Ф – 200 мм на улицата “Христо Татарчев” бр.21а во населбата Кисела Вода.