Насловна
Празнувајќи го рождеството Христово, ги празнуваме верата, надежта и љубовта, како највисоки христијански вредности. Нека донесат спокој, хармонија и сплотеност за секое семејство што го слави!
Општина Кисела Вода на сите верници од православна вероисповед им посакува среќни Божикни празници!
Претставници од општина Кисела Вода заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, излегоа на местото на несреќниот случај кој денес се случи во селото Драчево и во кој настрадаа повеќе лица. Додека се очекуваат резултатите од официјалната истрага на надлежните институции за пожарот кој уследи по двете експлозии во семејната куќа во ова село, градоначалникот на општина Кисела Вода изрази сочувство и жалење за настанатата ситуација, истакна дека ја следи здравствената состојба на повредените, посакувајќи им што поскоро да закрепнат. Воедно, апелираше до сите жители на општината, од сите месни заедници, да ја покажат својата хуманост и да излезат со првична помош во храна и облека за семејствата на настраданите. Информираше дека ќе поднесе барање до Советот на општина Кисела Вода, за веќе на следната седница на Советот да може на овие семејства да им биде одобрена парична помош од страна на општината.
Општина Кисела Вода фрли 30 тони сол низ улиците, чие одржување е во нејзина надлежност. Со специјализирани возила за зимско одржување, се чистеше и во текот на вчерашниот и на денешниот ден.
Денес во просториите на општина Карпош се одржа шестата работна средба на Претседатели на Совети на општините во Скопскиот регион. Вовед во овој работен состанок даде Претседателот на Советот на Општина Кисела Вода и Претседател на Комитетот на Советите во ЗЕЛС, Трајче Донев, кој уште еднаш ја потенцираше важноста на новововедената измена во Статутот нс Зелс за граѓаните.
Повеќе: Одржана 6-та работна средба на претседателите на Совети на Општините во скопскиот регион