Насловна
Општина Кисела Вода им честита на сите верници од католичка вероисповед кои денес го празнуваат Христовото раѓање. Божик кој е симбол на среќата, љубовта и разбирањето нека ги донесе овие вредности во вашиот дом, во вашето семејство, исполнувајќи го со мир и семејна хармонија.
Христос се роди! За многу години!
Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов и секретарот на град Скопје, Марјанчо Тодоровски, денес одржаа прес конференција во селото Драчево, по повод заокружувањето на проектот за изградба на трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата “Сердарот”.
По потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу двете јавни детски градинки на територија на општина Кисела Вода и ПОУ Др. „Златан Сремец“, а на иницијатива на раководителот на одделението за предучилишно воспитување при општина Кисела Вода, Ирина Момироска, се организираа низа заеднички настани.
Повеќе: Заедничка приредба на децата од детските градинки од Кисела Вода и ПОУ "Златен Сремец
На истекот од 2015 година, општина Кисела Вода додели уште 40тина ваучери за новороденчиња, со што бројот на семејства со принова кои добиле еднократна парична помош од оваа локална самоуправа, се искачи на 1282.
Повеќе: Во 2015 општина Кисела Вода додели 493 ваучери за новороденчиња