Насловна
На 35-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 18.10.2015 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 35-та пленарна седница
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев, пратеници во Собранието на Република Македонија, поголем број членови на Советот на Град Скопје, директори на јавни претпријатија на Градот Скопје, денеска /23.12.2015 година, среда/ присуствуваа на почетокот на градежните работи за продолжување на булеварот „Србија“ до улица „Народни херои“.
Повеќе: ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА БУЛЕВАР СРБИЈА
Денес, во просториите на општина Кисела Вода, во организација на оваа локална самоуправа во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центарот за вработување и Министерството за труд и социјална политика се одржа информативна средба со невработените лица и работодавачите од овој дел на градот.
Повеќе: Отворени денови на Агенцијата за вработување во Кисела Вода
Форум во насока на подигнување на свесноста кај граѓаните за проблемот на употреба на дроги кај младите, како и сите проблеми поврзани со употребата на дроги, ХИВ/СИДА, ХЦВ денес се одржа во Големата сала на општина Кисела Вода. Во организација на оваа локална самоуправа, преку Сектор за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, заедно со здружението ДОВЕРБА, а со поддршка на Министерството за здравство, во рамките на проектот „Одржување на ниска ХИВ преваленца во Република Македонија, одржлив развој“ говореа социјалниот работник од здружението Доверба, Славица Шекуткоска и психијатарот д-р Надица Киркова.
Повеќе: Форум за борба против дрогата се одржа во Кисела Водa
Успешно реализиран проектот “Квалитетна и поефикасна грижа за учениците од предучилишно и училишно образование “ произлезен од Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ за активните програми и мерки за вработување за 2015 година.