Насловна
Oпштина Кисела Вода информира дека без вода од 10 часот ќе останат корисниците од улицата „Михаил Чаков“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф – 150 мм на улицата „Михаил Чаков“ б.б. ( до топланата), а ќе трае се до завршување на работите.
Советници, членови и претседатели на Совети од различни општини во Босна и Херцеговина, претставници од мисијата на ОБСЕ во БИХ, денес, на покана на ЗЕЛС, во општина Кисела Вода остварија работна средба со советниците од општина Кисела Вода, претседателот на Советот и градоначалникот на оваа општина, како и претставници од општинската администрација.
Повеќе: Советници од Босна и Херцеговина на покана од ЗЕЛС, во општина Кисела Вода
По известување добиено од страна на Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, општина Кисела Вода информира дека утре, 03.11.2015, во периодот од 08:30 до 12 часот, без снабдување со електрична енергија ќе останат жителите од улицата „Киро Фетак“ во близина на железничката пруга, во населба Драчево. Прекиинот во снабдувањето со електрична енергија е заради технички зафати во електро-системот.
Општина Кисела Вода отпочна со преобележување на пешачките премини на преку 100 локални улици во овој дел на градот кои се во нејзина надлежност. Во рамки на активностите за подигнување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите, како и на повеќе од 10.000 ученици од општината, неделава ќе се обноват пешачките премини пред основните училишта и градинки.
Повеќе: Преобележување на пешачките премини во општина Кисела Вода
Вчера, во Големата сала на општина Кисела Вода се одржа трибина на тема ”На секое дете му е потребно семејство”. На настанот организиран од општина Кисела Вода во соработка со Меѓуопштински центар за социјална работа, беше презентиран дел од законската рамка од Законот за социјална заштита во делот на вонинституционална заштита на деца и возрасни лица.