Насловна
Во организација на Општина Кисела Вода на 07 октомври 2015, Ве повикуваме на јавна презентација и расправа по однос на Документот за оценка на влијанието врз животната средина на Проектот за изградба на атмосферска канализација по улиците во населба “Пржино“, општина Кисела Вода.
Презентацијата ќе се одржи во просториите на МЗ Црниче, општина Кисела Вода, со почеток во 10 часот.
Општина Кисела Вода ги повикува сите засегнати и заинтересирани страни, институции, невладини организации, здруженија на граѓани, правни и физички лица да присуствуваат на јавната расправа.
Со пригодна свеченост, општина Кисела Вода го одбележа светскиот ден на учителот.
Повеќе: Општина Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на учителот
Во Градинката “8 Март” во Пржино започнаа градежни активности за спроведување на мерки за енергетска ефикасност. Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Заедницатата на единиците на локалната самоуправа на РМ-ЗЕЛС, во рамките на проектот “Енергетска ефикасност во општинските асоцијации”.
На сите граѓани со исламска вероисповед, општина Кисела Вода им го честита големиот празник Курбан-Бајрам. Празнувањето на овој голем ден, кој во својата суштина ги има најголемите човечки вредности-обединувањето, споделувањето и милосрдието, нека Ви донесе мир, хармонија и благосостојба. Нека е честит!
На триесет и втората пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес (23.09.2015), беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 32-та пленарна седницa