Насловна
Во понеделник, на 29.06.2015, во 12: 30, ќе биде поставен камен темелник на новата градинка во Пинтија, од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Настанот, кој е во рамките на свеченото одбележување на 60-годишнината од постоењето на општина Кисела Вода, ќе се одвива на на улица “Саса 2”, во населба Пинтија. Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат.
Ве известуваме дека Свечената седница на Советот на Општина Кисела Вода по повод 60-годишното постоење на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 29-ти Јуни 2015 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот
Во пресрет на одбележувањето на 60 годишното постоење на општина Кисела Вода, денес градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, додели нови 45 решенија за легализација на дивоградби, со што, бројот на решени предмети се искачи на 3868.
Повеќе: Досега легализирани 3868 дивоградби во општина Кисела Вода
Утре, четврток, 26.06.2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 10:30 часот ќе бидат доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, денес додели нови 40тина ваучери со еднократна парична помош за новороденчињата од овој дел на градот.
Повеќе: За две години општина Кисела Вода додели 1058 ваучери за новороденчиња