Насловна
Денес во ораганизација на општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина се одржа крводарителска акција.
Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода организира крводарителска акција која ќе се одржи во четврток, на 14 Мај, од 11 до 15 часот, во големата сала на општината. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека согласно добиените информации од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје во текот на утрешниот ден, заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода. Конкретно, во периодот од 08.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот “Борис Трајковски”.
Донација за децата кои се во ризик или кои се евидентирани како питачи, денес изврши градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ донираше на Дневниот центар за деца од улица
Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусеин и претседателот на "Мобилност Македонија" Бранимир Јовановски, денес свечено ја пресекоа лентата и со тоа го пуштија во употреба игралиштето за деца со посебни потреби во општина Кисела Вода. Настанот е дел од случувањата по повод одбележувањето на патронатот на оваа општина.
Повеќе: Игралиште за деца со посебни потреби по повод патронатот на општина Кисела Вода