Насловна
Учениците од ОУ ”Кузман Јосифовски –Питу” во чест на годишнината на смртта на Тоше Проески, кој се одбележува секоја година на 16-ти Октомври, реализираат неколку активности. И годинава учениците подготвија приредба и интерен литературен конкурс со авторски творби за животот на балканската музичка ѕвезда која прерано го загуби животот.
Во организација на карате клубот Маваши од населба Драчево, а под покровителство на Општина Кисела Вода и Агенцијата за спорт и млади, во спортската сала во Драчево, во саботата (12.10.2013) се одржа 11-тиот по ред меѓународен карате турнир “Маваши Опен 2013”.
На турнирот учество зедоа 46 клубови од Македонија, Србија, Бугарија и Косово со вкупно 393 натпреварувачи.
Повеќе: Се одржа меѓународниот карате турнир “Маваши Опен 2013”
Ве известуваме дека шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 15.10.2013 година (вторник), во големата сала на општината со почеток во 11,00 часот, со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 7-та пленарна седница;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 8-та пленарна седница
Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, вечерва општинското раководство и претставниците на јавните претпријатија од градот Скопје ќе имаат средби со жителите на Пинтија и село Драчево.
Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец - Алексиќ, заедно со членови на Советот на Општината и општинската администрација утрово го посети семејството Петрушевски, чиј дом во населбата Цветан Димов, беше зафатен од пожар.
Според првичните информации причинета е само материјална штета, а се претпоставува дека пожарот избил заради проблеми со електричната инсталација.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ го посети семејството Петрушевски, чиј дом беше опожарен