Насловна
Новоизбраниот претседател на комитетот на совети при ЗЕЛС и актуелен претседател на советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев денес, во просториите на општина Кисела Вода го одржа првиот состанок со претседателите на советите од скопските општини.
Повеќе: Претседателот Трајче Донев го одржа првиот состанок на претседатели на совети при ЗЕЛС
Со посетата на урбаните заедници Пржино и Црниче, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ го затвори овој циклус посети на месните и урбани заедници во општина Кисела Вода. И овој пат, таа, претседателот на Советот на општината Трајче Донев и претставници од општинската администрација, ја искористија можноста изворно да ги слушнат проблемите од оние кои најмногу ги засегаат-жителите на тој дел од општината како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање, воедно и да се дискутира околу идеите и предлозите што граѓаните ги имаат во врска со подобрување на условите во кои живеат.
Повеќе: Со посетата на Пржино и Црниче, финализиран циклусот посети на месните и урбани заедници
На денешното традиционално одбележување на меѓународниот ден на спортот кој се оддржа во Кисела Вода во спортската сала Независна Македонија настанот го збогатија претседателот на МОК господин Васил Топурковски и Генералниот секретар Сашо Поповски.
Повеќе: Одбележан „Светскиот ден на спортот“ во општина Кисела Вода
На 03 април 2015 година се оддржа конститутивна седница на комитетот на совети при ЗЕЛС на која присутните беа информирани за обврските, правата и надлежностите на оваа тело, што се утврдени во Статутот на ЗЕЛС. На седницата за претседател на комитетот на совети беше избран сегашниот претседател на советот на општина Кисела Вода, господинот Трајче Донев.
Повеќе: Трајче Донев избран за претседател на комитетот на совети при ЗЕЛС
Денес општина Кисела Вода, во координација со градот Скопје и останатите општини од главниот град, започна со пролетна дератизација.