Насловна
Почитта кон христијанските вредности, радоста кон животот, љубовта кон Бога и ближниот и во овие празнични денови нека бидат присутни во секој дом во кој се слави победата на животот над смртта, симболот на Велигден. Со желби за убави и среќни мигови, на сите верници со католичка вероисповед, општина Кисела Вода им посакува среќни Велигденски празници!
Продолжуваат средбите на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ со жителите на месните и урбаните заедници од општина Кисела Вода. Заедно со претседателот на Советот Трајче Донев и преставници од општинската администрација, како и претставници од повеќе јавни претпријатија од градот Скопје, вчера, ги посети Припор и Каменик.
Повеќе: Жителите на Припор и Камeник на средба со градоначалникот Беличанец-Алексиќ
На 27-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 27-та пленарна седница
Ве известуваме дека Дваесет и седмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 2.04.2015 година (четврток) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 27-та пленарна седница
Шаховската лига помеѓу месните заедници, за сезоната 2014/2015 година - заврши. Шахистите од МЗ Пржино се први шампиони на ова натпреварување во организација на општината и кое во иднина ќе прерасне во традиционално. Во финалето на плеј-офот, МЗ Пржино ја совлада екипата на МЗ Бирарија со 2 ½: 1½. Победи за шампионите забележаа Ристовски на третата табла во средбата со Котевски и Спировски на четвртата табла во дуелот со Јовчев.