Насловна
Со драмска, музичка и ликовна креативна програма, дечињата од градинката “Весели цветови” во општина Кисела Вода, денес, во паркот Шопен, дадоа свој придонес во почитувањето на различностите и мултикултурализмот во нашата земја.
Општина Кисела Вода во соработка со AД “Цементарница Усје”, денес организираше еколошко- едукативен настан, во пресрет на најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер Ден на планетата Земја, која се одржува утре.
Повеќе: Од објектот кој штеди енергија на повеќе нивоа, испратена порака за спас на планетата Земја!
Три нови урбани заедници посетија вчера градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, претседателот на Советот Трајче Донев, тимот од стручните служби од општината и градот и неколку други институции кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните од локално значење.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ на средба со жителите на Бирарија, Цветан Димов и Усје
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денес додели нови 50 решенија за легализација на дивоградбите од овој дел на градот.
Повеќе: 50 нови легализирани дивоградби во општина Кисела Вода
По одиграното 18 коло заврши регуларниот дел на шаховската лига помеѓу месните заедници во општината. Според организаторот, Одделението за спорт, прворангираните четири екипи ќе разигруваат во плеј оф за шампионската титула. Инаку, одиграните редовни кола ветуваат интересна и неизвесна борба за шаховскиот трон.