Насловна
Утре, сабота, 28 февруари 2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот,ќе бидат доделени ваучери за еднократна парична помош на семејствата со новороденчиња од општината.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Денес, во големата сала на општина Кисела Вода се одржа форум на кој присуствуваа 30-тина работодавачи од оваа општина. Претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ, Центрите за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност во соработка со општина Кисела Вода, ги презентираа активните програми и мерки за вработување пред работодавачите.
Течат градежните активности за изградба на атмосферска канализација на улицата “Боро Камчевски” во населбата Бирарија. Денес, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ изврши увид во работата на фирмата ДГТУ “АДРА ДООЕЛ” од Скопје која од пред три седмици интензивно работи на терен.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денес изврши увид во отпочнувањето на градежните активности за изградба на игралиште за деца со посебни потреби во населбата Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода започна со изградба на игралиште за деца со посебни потреби
Поради дефект на водоводот жителите на улицата “Христо Татарчев” 14/2 во Припор денес од 10 часот нема да имаат вода. Како што соопшти ЈП “Водовод и канализација” – Скопје, нивните екипи ќе работат на поправка на дефект на еден од затворачите. Прекинот во водоснабдувањето ќе почне во 10 часот и ќе трае се до отстранувањето на дефектот.