Насловна
Преку едукативна интерактивна презентација „Селектираме и рециклираме со Пакомак“, учениците од ОУ „Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” од населбата Драчево, се запознаа со методите за современо третирање на отпадот.
Во Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, објавена во дневните весници Вечер, Дневник и Вест од 12.11.2014 година и Службен весник на Република Македонија, се врши исправка и тоа:
Делот „ДРУГИ ОБВРСКИ НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ“ се менува и гласи:
1. Најповолниот понудувач е должен на сопствен трошок да изврши отстранување на објектите 1, 9 и 10, кои влегуваат во рамките на градежната парцела и за кои е донесено одобрение за отстранување на објекти поради опасност од уривање.(останува непроменета).
2.Најповолниот понудувач е должен фасадното обликување на објектот предвиден на ГП бр.2.1, да го изработи во еден од стиловите на барок. Пред издавање на одобрение за градење, потребно е Комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Кисела Вода да ја одобри фазата архитектура од основниот проект.
Останатите податоци остануваат непроменети.
Со интерактивно предавање и симулација на инцидент предизвикан од пиротехничко средство, денес , во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, започна кампањата на МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје,насловена „Среќна и безбедна 2015”, која ќе се одвива низ училиштата во општина Кисела Вода.
Повеќе: Кампања против употреба на петарди низ училиштата во општина Кисела Вода
Во Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, објавена во дневните весници Вечер, Дневник и Вест од 12.11.2014 година и Службен весник на Република Македонија, во делот „РОКОВИ“ рокот за доставување на пријави за учество на јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште кое претставува Градежна парцела број 2.1, со намена за изградба на домување во станбена зграда се продолжува и пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават најдоцна до 30.12.2014 година.
Јавното наддавање за ГП 2.1 ќе започне на 09.01.2015 година, во 11:00 часот и истото ќе трае 15 минути.
На сите православни верници, општина Кисела Вода им го честита празникот Свети Климент Охридски, посветен на големиот просветител, чие дело e непроценлив дар за целиот македонски народ.
Славејќи го светецот Климент, најдаровитиот ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, творецот на кириличното писмо и основоположникот на македонската писменост, творец на Охридската книжевна школа, ја продолжуваме неговата благородна мисија.
Нека ни е вековит празникот!