Насловна
Денес, понеделник, 01.12.2014, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Во пресрет на овогодинешниот ден на дрвото кој ќе се одржи на 3 декември (среда), општина Кисела Вода, започна со пошумување на својата територија. Во текот на изминатата седмица 2500 зимзелени дрвца беа засадени во сите училишта, градинки, месни и урбани заедници.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес ја пресекоа лентата и со тоа го означија почетокот на работата на новата градинка во населбата Црниче. Објектот кој го носи името “Перуника” е во состав на ЈГД „Весели Цветови“. Се протега на површина од околу 250 квадратни метри и за него, општина Кисела Вода издвои 3 700 000 денари од својот буџет.
Повеќе: Отворена градинка во Црниче, првиот јавен објект кој за греење користи биомаса
Утре, 29.11.2014 (сабота) во 11:30 часот, ул.”Наум Охридски” бб, населба Црниче (во склоп на подрачното ОУ „Кузман Јосифовски Питу), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов ќе го пуштат во употреба објектот ,,Перуника” во рамки на Јавната општинска установа за деца-детска градинка ,,Весели Цветови“. На настанот ќе присуствува и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон.
По 17ти пат, во општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ им додели еднократна парична помош на новите родители од општината, со што бројот на доделени ваучери се искачи на 775.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 61 ваучер, за 61 новородено дете