Насловна
Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека на територија на оваа општина започнува тридневна акција за одлагање на кабаст, волуменозен отпад, којашто ќе се одржи од петок (07.11.2014), до недела (09.11.2014).
Повеќе: Тридневна акција за подигање на кабаст отпад во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода ги известува жителите на улиците "Наум Охридски", "Востаничка", "Банско" и "Благоја Гојан" дека денес, понеделник, 03.11.2014, ќе останат без електрична енергија, во време од 09:00 до 12:00 часот. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што известува Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, е заради технички зафати во електро - системот.
Со двокатен автобус, денес пристигна донацијата од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје за градинката “8 Март” објект “Расадник”.
Повеќе: ЈДГ "8 Март" доби донација од Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје
Во големата сала на општината, денес, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ по 16-ти пат, додели еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња.
Повеќе: Општина Кисела Вода го надмина бројот од 700 доделени ваучери за новороденчиња
Денес, петок, 31 октомври 2014, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на 63 семејства со новороденчиња од општината.