Насловна
Кошаркарите на ОУ "Невена Георгиева Дуња", вторпат едноподруго ја освоија шампионската титула во училишниот спорт. Финалето на плеј-офот заврши со 70:31. Избраниците на тренерот Вангел Сувариев доминираа во текот на целата средба, без да им дадат било каква шанса на финалистите од ОУ "Рајко Жинзифов" да ги изненадат.
За 4 месеци ќе биде готова новата градинка во Припор, прва во овој дел од општината . Екипите на фирмата изведувач “Инком Инженеринг” интензивно работат на реконструкцијата и адаптацијата на двете постоечки простории и изградбата на сосема нов дел во подрачното основно училиште “Круме Кепески” во кои треба да функционира градинката.
Објектот ќе обезбеди модерни, безбедни и здрави услови за згрижување на дечињата и нивна едукација. Ќе функционираат три групи од кои едната е јасли, а идејното решение изработено од општината опфаќа и креативни работилници, дистрибутивна кујна и перална.
Престижната интернационална награда на фондацијата Енерџи глоуб, која секоја година се доделува за најдобрите светски еколошки проекти, годинава му припадна на проектот Енергетска обнова на ОУ “Партенија Зографски” од општина Кисела Вода. Жири комисијата составена од висок тим од светски експерти , одлучи дека од пристигнатите 1000 проекти од преку 120 земји, националната награда годинава ќе му ја додели на Славко Митовски, советник во одделението за енергетска ефикасност и обновливи енергетски извори во општина Кисела Вода.
ОУ “Партенија Зографски” е изградено во 1958 година. Енергетската обнова е извршена во 2012 година. Конкретно, воведен е енергетски менаџмент (управување, регулација и мониторинг на испорака) на топлинска енергија, додека втората мерка е извршување на енергетска обнова на обвивката на зградата на училиштето. Целокупната инвестиција чинеше 109 000 евра. Финансиски средства кои ги обезбеди општина Кисела Вода во соработка со Светска Банка-ГЕФ проект за енергетска ефикасност и кои се повратија за само 1.9 година, поради тоа што финансиските заштеди од воведените мерки на годишно ниво изнесуваат 57 000 евра годишно. Она што е уште поважно, е заштедата на топлинска енергија од 316 000 КWh и намалувањето на емисија на CO2 во атмосферата од 84 тони годишно.
Церемонијата за доделување на наградата на фондацијата Енерџи глоуб со седиште во Австрија, ќе се одржи на 27ми мај.
Нов простор за игра за дечињата и мирно катче за одморање, добија жителите на населба Кисела Вода.
На сите православни верници, општина Кисела Вода им ги честита Велигденските празници со желби за здравје, радост, среќа и бериќет во секое семејство. Нека овој голем ден донесе духовен мир, светлина и љубов секому!
Нека ни е честит и вековит празникот!
Христос воскресе. Навистина воскресе.