Насловна
Во вторник (09.07.2013), градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ ќе одржи прес-конференција по повод започнување на акцијата за крпење и санација на ударни дупки низ целата територија на општината.
Ве известуваме дека Петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 10.07.2013 година (среда) sо почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од Третата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода
1.Годишен извештај за работата на О.У.,,Кузман Јосифовски-Питу,, во учебната 2012-2013 година;
2.Годишен извештај за работата на О.У.,,Кирил Пејчиновиќ,, во учебната 2012-2013 година;
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 5 -та пленарна седница
Воведувањето на нови содржини на овогодинешното културно лето во Кисела Вода се покажа како полн погодок. Класичната, хорската, електронската и латино музиката ја кренаа атмосферата на досегашните културни настани на средина од годинашното културно лето, а театарските претстави се вистинско освежување во културниот живот во општината.
Преку 500-тини разиграни и насмеани граѓани, вчеравечер можеа да се забележат во паркот “Македонија”, каде феноменален концерт одржаа Пепи Ренџов и Тумбао Салса Бенд. Препознатливите кубански и латино песни беа само дел од репертоарот на овој македонски бренд кој ја негува кубанската музика, а посетителите можеа да уживаат и во звуците на неколку македонски традиционални песни, преработени во латино ритам.
Повеќе: Пепи Ренџов ја разигра публиката во паркот “Македонија”
Во врска со натписот објавен во вашиот дневен весник на ден 05.07.2013 година, со наслов “Тревата е забранета за деца оти ќе има прослава”, Општина Кисела Вода сака децидно да ги демантира тврдењата во текстот, кои имплицираат на ноторни невистини.