Насловна
Под покровителство на Општина Кисела Вода, од утре, четврток, 07 до 10 септември 2023 година, во паркот Македонија, пред Домот на култура „Билјана Беличанец” ќе се одржи Фестивал на инклузија на тема "Културни политики за инклузија". Настанот е во организација на Здружението за едукативни и хуманитарни активности ВИЗИЈА ПЛУС – Скопје, во соработка со Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост – Икуалити.
Повеќе: Од утре фестивал на инклузија во општина Кисела Вода
Започна реконструкција на улиците “Гутенбергова”, “Волтерова”, “Марија Кири” и “Ѓорѓи Војтех” во населбата Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на почетокот на градежните активности кои опфаќаат реконструктивни зафати на површина од околу 2500 м2. Се работи за сообраќајници изградени после катастрофалниот скопски земјотрес и на кои од тогаш не е интервенирано.
Повеќе: Кисела Вода реконструира четири улици во населба Драчево
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од настанот организиран од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда “ и Здружението за поддршка и развој „Хуманост“,на кој се дискутираа и утврдија заедничките чекори против насилниот екстремизам и организираниот криминал. Општина Кисела Вода како и општините Гази Баба и Куманово, застапени од нивните градоначалници Бобан Стефковски и Максим Димитриевски потпишаа меморандум за соработка со што ги потврдија своите заложби за поттикнување на мирни и инклузивни општества и ублажување на структурните услови кои се погодни за ширење на насилен екстремизам.
За 5460 ученици од основните училишта од општина Кисела Вода денес започна новата учебна година. Меѓу нив, 624 првачиња на кои, од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и неговиот тим, им беа поделени ранци и училишен прибор во рамки на проектот “Ранче за секое прваче”.
По повод првиот ден од учебната година Општина Кисела Вода ги поканува сите основци и нивните родители и блиски на концерт насловен “Музички волшепства” а во изведба на Продукција Триангл Пулс.
Повеќе: Кисела Вода: концерт на “Триангл Пулс” по повод првиот училишен ден