Насловна
Општина Кисела Вода продолжува со активности за заштита на животната средина и го повикува целокупното население да се приклучи на уште една значајна иницијатива. Во согласност со нашата визија за зачувување на животната средина и грижата за општествената заедница, од 02 октомври 2023 до 13 октомври 2023 година, ќе спроведеме нова акција за бесплатно собирање на кабаст отпад на оваа територија.
Повеќе: Од 02 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода
Завршија градежните активности за реконструкција на улиците “Гутенбергова”и “Волтерова” во населбата Драчево. Овие сообраќајници никогаш досега не биле санирани или реконструирани од страна на претходните раководства на Општина Кисела Вода иако се изградени после катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Кисела Вода се менува секој ден кон подобро, наскоро нов фудбалски терен и детско игралиште со модерна урбана опрема добива ООУ ,,Круме Кепески”.
Повеќе: Нов фудбалски терен и детско игралиште со модерна урбана опрема добива ООУ ,,Круме Кепески”
Под покровителство на Општина Кисела Вода, вчера започна Фестивалот на инклузија.
Под покровителство на Општина Кисела Вода, од утре, четврток, 07 до 10 септември 2023 година, во паркот Македонија, пред Домот на култура „Билјана Беличанец” ќе се одржи Фестивал на инклузија на тема "Културни политики за инклузија". Настанот е во организација на Здружението за едукативни и хуманитарни активности ВИЗИЈА ПЛУС – Скопје, во соработка со Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост – Икуалити.
Повеќе: Од утре фестивал на инклузија во општина Кисела Вода