Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и третата пленарна седница на 29.05.2023 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 21-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 22-та пленарна седница
1.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Кузман Шапкарев“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
2.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
3.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Рајко Жинзифов“, Симбол на пријателството на Кина и Северна Македонија – Општина Кисела Вода, Скопје;
4.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ЈДГ„ Весели Цветови“ – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
5.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;
6.Предлог – Одлука за именување на членови во управен одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
7.Предлог – Одлука за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално - финанисико работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
8.Предлог – Одлука за одобрување на Програма за изградба на градби за спорт и рекреација-Д3-затворено спортско игралиште на КП 6483 КО Кисела Вода 2, ДУП: Населба Пинтија, Г.П. 4.1 Основно училиште Рајко Жинзифов, Општина Кисела Вода-Скопје;
9.Предлог - Одлука за прифаќање на донација - реконструкција на дел од ул.Евтим Спространов бр.30, бр.32 и бр.34 и паркинг простор помеѓу ул.Трајко Иванов и ул.Лав Толстој, Општина Кисела Вода;
10.Предлог - Одлука за прифаќање на донација - зимзелени и листопадни дрва за Општина Кисела Вода;
11.Предлог – Правилник за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови на подрачјето на Општина Кисела Вода;
12.Предлог - Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање на пелети за домаќинствата на територија на Општина Кисела Вода;
13.Предлог – Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање за набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективното домување на територија на Општина Кисела Вода;
14.Квартални извештаи К1, К2 и К3 за првиот квартал од 2023 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините
15.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
Успесите и активностите на Општина Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Од неодамна, Кисела Вода е дел од Б40 Мрежата на градови, лидери од регионот, која функциоира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата.
Повеќе: Кисела Вода дел од Б40 мрежата на градови - лидери од Балканот!
Децата од социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Денес е распишан огласот и се објавени критериумите кои на ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не надминуваат 35 000 денари месечно, семејства со еден вработен, примател на минимална плата, ќе им овозможат овој август да поминат неколку дена со своите врсници во некое од летувалиштата на Охридското Езеро.
Повеќе: Кисела Вода: Во август социјално загрозените ученици ќе летуваат бесплатно
По шест денови, исполнети со спортување и дружење, со многу спортски емоции на селектираните талентирани спортисти од четири општини, заврши традиционалниот годинешен ,,Куп Св. Ѓорѓи“.
Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денес ја открија неговата спомен плоча. Од денес, овој паметник поставен во населбата Кисела Вода, ќе сведочи за дадената жртва, за храброста и љубовта кон татковината на овој херој кој не смее да биде заборавен од генерациите кои доаѓаат. Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот Аранѓеловиќ, како и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
- Со неизмерна почит кон Љубиша Аранѓеловиќ, големиот херој кој загина бранејќи ја својата земја од терористите кои извршија напад во Диво Насеље, денес го откриваме неговиот споменик. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минува Република Македонија. Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Слава му!-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потоа, заедно со делегација од Општина Кисела Вода се поклони пред споменикот и постави свежо цвеќе.