Насловна
Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денес ја открија неговата спомен плоча. Од денес, овој паметник поставен во населбата Кисела Вода, ќе сведочи за дадената жртва, за храброста и љубовта кон татковината на овој херој кој не смее да биде заборавен од генерациите кои доаѓаат. Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот Аранѓеловиќ, како и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
- Со неизмерна почит кон Љубиша Аранѓеловиќ, големиот херој кој загина бранејќи ја својата земја од терористите кои извршија напад во Диво Насеље, денес го откриваме неговиот споменик. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минува Република Македонија. Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Слава му!-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потоа, заедно со делегација од Општина Кисела Вода се поклони пред споменикот и постави свежо цвеќе.
Селекцијата на Општина Кисела Вода, победи на кошаркарскиот турнир, кој се игра во рамките на Купот “Св Ѓорѓи”. Избраниците на тренерите Благоја Кечовски и Наташа Дургутов, во текот на целата финална средба беа подобар противник од селекцијата на Општина Карпош и сосема заслужено триумфираа со резултат 58:46 (по четвртини 10:10, 8:11,18.9 и 22:16).
Од утрово, во општина Кисела Вода интензивно се одвива акција за косење на нараснатите тревни површини. Активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници.
Повеќе: Косење на тревните површини низ цела општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода го уредува просторот околу манастирот Св. Пророк Еремија во населбата Пинтија. Во изминатите денови интензивно се работи на поплочување со павер елементи на целиот двор на вкупна површина од 510 квадратни метри.
Повеќе: Кисела Вода партерно го уредува двoрот на манастирот “Св. Пророк Еремијa”
Следејќи ја стратегијата за обезбедување на еднакви можности за сите свои граѓани, Општина Кисела Вода излегува со уште една мерка за помош на децата од социјален ризик. Летово, тие ќе можат да користат бесплатно летување, за што од буџетот на Општината веќе се обезбедени финансиски средства во висина од 3 милиони денари.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Децата од социјален ризик ќе добијат бесплатно летување