Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Како климатските промени влијаат врз водниот циклус

Како се на планетата, така и реките, езерата, протоците, океаните и водниот циклус, сам по себе, се длабоко зафатени од климатските промени. Начинот на кој водата е опфатена од климатските промени, исто така, служи како понижувачки потсетник, за тоа како се е поврзано со овој животодавен организам, кој го нарекуваме планета Земја. Како што, атмосферата се загрева, така истата предизвикува топли водни тела, зголемен број на врнежи во некои области, како и суши во други, влијанијата од климатските промени се влошуваат, со што се продолжува штетниот циклус.

Многу е важно да не се заборави дека климатските промени се еднакви со промената на водата. Секој кој е заинтересиран да се бори за заштита на водите, мора да биде претпазлив и гласен за влијанието на истите.

 

Климатските промени ја зголемуваат веројатноста за појава на обилни дождови и екстремни суши

Водниот циклус на Земјата е во голема мера зависен од температурата, па така не е за изненадување што зголемената „треска“ на планетата има влијание врз тоа како водата се движи и циркулира. Научниците се согласуваат дека овие промени на температурата имааат големо влијание врз концентрациите на водената пареа, облаците, шемата на врнежи, истекувањата и шемата на протоците.

Како што, температурата се зголемува во пониската атмосфера, повеќе вода испарува, како од земјата, така и од океаните, и се задржува во тропосферата. Потоплиот воздух, може да задржи повеќе водена пареа, чија последица е зголеменост и зачестеност на обилни врнежи од дожд. Токму, поради топлиот воздух, се повеќе имаме врнежи од дожд отколку од снег, и сето ова, ќе води кон екстремни пооплави низ светот.

Во исто време, други области од планетата ќе имаат посув воздух и суша како резултат на истиот пораст на температурата. Топлиот воздух кој е предизвикан од зголеменото испарување и прави на почвата да се исуши, а со врнежите во истите предели, голем дел од водата ќе тече низ тврдото подрачје во реки и потоци, а почвата ќе остане сува. Палмеровиот индекс за сериозноста на сушата е мерка за влага на почвата со која се врши мерење на врнежите, промените во испарувањето и се користи за следење на овие проблеми ширум светот.

Повеќе дожд, помалку снег

Од гореспоменатото, атмосферата на затоплување на земјата ќе резултира со што повеќе врнежи што ќе паѓаат како дожд, а не снег. Зошто е ова важно? Некои региони зависат од постепено топење на снегот, за да обезбедат површинска вода во текот на топлите месеци. Немањето на снежен налет , резултира со помали текови и поголем стрес на водата во текот на летото – тренд кој се повеќе се забележува низ целиот цвет. Недостатокот на водата на површината ќе резултира со поголемо потпирање и прекумерно користење на ограничени резерви на подземните води.

 

 

Зголемување на нивото на морињата

Една од најжешките точки кои се секојдневна тема на разговор во врска со влијанието на климатските промени врз водата е глобалното зголемување на нивото на морињата.Порастот на нивото на морињата, предизвикан од климатските промени ќе се случи поради две причини, и тоа: проширувањето на океаните, како што се затоплува и зголеменото топење на мраз, ледените острови и глечерите. Настрана од ова катастрофално влијание, кое ќе има ефект врз крајбрежните заедници и инфраструктурата, исто така, ќе има сериозни импликации и врз резервите на слатките води, кои може да се контаминираат со морска вода. Доколку, сето ова, се случи, ќе мора водата од водоносните слоеви да се тертира со енергетски интензивен процес за истото да биде корисно за наводнување, како и за водата за пиење.

 

Зголемен стрес на екосистемите на коралниот гребен

Климатските промени се закана број еден за светските екосистеми на коралните гребени, благодарение на комбинација на неколку фактори, и тоа: пораст на морското ниво, загревање на океаните, киселост на океаните поради зголемено ниво на CO2, промени во врнежите и  промени на струењата.

  • Зголемена температура на океаните: може да предизвикаат „термален стрес“ на живиот и растителниот свет во него, што регулира со беелење на коралите и оставајќи ги склони кон болести;
  • Покачување на нивото на морето: коралите во близина на брегот, со порастот на нивото на морето, може да предизвикаат одлевање на седиментот, задушувајќи ги коралите;
  • Промени во врнежите: зголемен одлив на слатаките води, седимент и загадувачки супстанции во земјата, придонесуваат цутот на алгите, кое што го намалува растворениот кислород, ја намалуваат светлината, создавајќи мрачни услови за живиот и растителниот свет;
  • Промена на океанските струења: може да доведе до промени во поврзувањето, како и да влијае врз температурните режими, кои придонесуваат за недостаток на хранливи материи за коралите и го попречува ширењето на коралните ларви;
  • Окиселување на океаните: предизвикува намалување на нивото на pH, кое го намалува растот на коралите и структурниот интегритет.

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa