Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Меѓународен конкурс Расадник

Почитувани сограѓани,

 

Еден од стратешките приоритети на Општина Кисела Вода е транспарентно донесување на новите Урбанистичките планови со вклученост на граѓаните и стручната јавност.

За реализација на оваа цел Општина Кисела Вода изработи Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко - архитектонско решение за градската четврт Ј14 или, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник.

Меѓународниот конкурс е сочинет од два дела. Првиот дел претставува опис на моменталната состојба во Расадник од урбанистичко-плански аспект, додека во вториот дел се опфатени генералните програмски насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник.

Меѓународниот конкурс треба да донесе предлози за ново квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода.

Со цел изработка на што поквалитетен и стручно издржан Меѓународен конкурс, Ве молиме во следните 10 дена да ни дадете забелешки, сугестии и идеи и истите да ни ги доставите на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Со почит,

Орце Ѓорѓиевски

Меѓународниот конкурс е достапен на следниов линк

Меѓународен конкурс Расадник

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa