Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Кошаркарките на „Бадел“ се зацврстија на првото место на табелата

Изминатиот викенд, на заостанат натпревар од четвртото коло од Првата женска кошаркарска лига-запад, екипата на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода оствари уште една убедлива победа. Со резултат 110:40 (35:08, 23:15, 34:04, 18:13), баделки на домашен терен ја победија екипата на ЖКК „Гостивар“ и со предност од шест бодови се зацврстија на првото место на табелата. 

„Во текот на натпреварот, на теренот доминантни беа нашите кошаркарки. Шанса за докажување им дадовме и на помладите баделки, кои максимално ја искористија и дадоа голем придонес“ – изјави Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862“.

Најефикасна на натпреварот од екипата на жолто-сините беше Цветанка Димова со постигнати 36 поени. Ефикасни на теренот беа и Сара Максимовска 16 поени, Марија Димитријевиќ 15, Марија Николов 14, Сања Адамовска 12, Мартина Марковска 8, Сандра Лазареска 5 и Стефани Цветановска 4 поени.

Од екипата од Гостивар, најмногу се истакнаа Божиновска 11, Петреска 10 и Стојаноска со 9 постигнати поени.

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa