Насловна
Под мотото „Да е подобра од лани“, ООУ „Рајко Жинзифов“ од општина Кисела Вода со повеќе едукативни активности го одбележа својот патронен празник.
Во периодот од 22 до 26 март, по повод патронатот, учениците од училиштето читаа реферати/биографии за еден од најистакнатите македонски преродбеници Рајко Жинзифов, а и за своето училиште. Првачињата, вторачињата и третоодделенците со физичко присуство реализираа активност преку која го одбележаа Светскиот ден на шумите. Тие насликаа многу цртежи, кои испраќаат пораки и ја подигнуваат свеста за почиста и поздрава животна средина, а покажуваат и како треба да изгледа планетата земја. Децата од подрачното училиште во Пинтија, од прво до трето одделение со садење цвеќиња, пишување на еко пораки, уредување на еколошко катче, и изработка на уметнички дела го одбележаа Денот на пролетта и екологијата.
По повод Светскиот ден на шумите и Денот на водата, учениците од петто до деветто одделение одржаа онлајн еко-работилница, на која се дискутираше за моменталната состојба на планетата, шумите и водата. На работилницата, беше донесен и заклучок за тоа на кој начин се загадуваат почвата, водата и воздухот, како и за тоа што треба да се преземе за да се спречи и намали загадувањето. Дел од овие ученици на уметнички начин ја претставија важноста на растенијата за добробитот на планетата земја, а воедно ја испраќаат и пораката: „Да ја зачуваме планетата, да го зачуваме зеленилото, само зелена планета е среќна планета, а ние жителите на оваа драгоцена земја, немаме резервна планета.“ Додека пак дел од нив засадија растенија во своите домови. За правилен развој на децата, во училишната сала се одржаа и спортски активности.
Покрај многуте активности, на литературниот конкурс на тема ,,Да е подобра од лани”, учениците од четврто до деветто одделение подготвија 32 творби.
За творбите, првонаградени се Александра Андонова IX в и Урфета Тополец IX б, второнаградени се Борјан Петров VII а и Ивона Радеска VII г, и трето наградени се Ема Кечовска VIII а и Дарио Стојановски VI а.
На ликовниот конкурс првонаградени беа Никола Арсовски V б и Ангелина Димишковска V в, второнаградени се Нина Милосавлевска V г и Јована Митрулова IV в, и третонаградени се Јована Цветковиќ V а и Кјара Николовска IV б.
Останатите ученици, учесници на ликовниот и литературниот конкурс добија пофалници, со кои на симболичен начин им беше искажана благодарност за вложениот труд.
По повод патрониот празник членовите на литературната секција, предводена од наставничката Елена Ристевска со заедничка лична творба и оваа година му искажаа чест на големиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов. Творбата беше објавена во печатеното и електронско издание на дневниот весник Нова Македонија.
Творбата за Рајко Жинзифов:
Рајко Жинзифов,
наш славен деец,
пишувал стихови разни
за деновите да не му бидат празни.
Заедно со Миладинов
во Русија се преселиле,
и со нивните творби
луѓето ги развеселиле.
Роден во Велес,
во семејство на Власи,
не ни знаел дека
неговото дело
ѕидовите на многу училишта
ќе ги краси.
За со светот да сподели
тој напишал поема,
за сѐ што турското ропство
на народот му го одзема.
За краток период
многу творби објави,
а во Москва во 1877 година
душата си ја остави.
Денес за секого
е инспирација,
правец ѝ дава
на новата генерација…
Линк од интернет изданието на дневниот весник „Нова Македонија“:
Едукативните активности во училиштето се одржаа благодарение на наставниците: Цветанка Ѓорѓиевска, Кристина Никчевска, Весна Стевановска, Ирена Ѓоршевска, Сандра Трпчевска, Билјана Милутиноска, Елеонора Живковиќ, Каролина Коларовска, Љуба Мишевска, Елена Ристевска и директорката на училиштето Љубица Наумовска.