Насловна
Светскиот ден на свесноста за аутизмот ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ го одбележа со повеќе едукативни онлајн активности.
Учениците од прво до деветто одделение дискутираа и го презентираа сработеното за развојното нарушување аутизмот. Тие насликаа многу цртежи со симболот на бесконечноста во боите на виножитото, водеа дијалози преку алатката skretch, а напишаа и пораки за лицата со аутизам.
„Светскиот ден на свесноста за аутизмот е ден кој нè потсетува дека околку нас има лица, кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инкулизјата“ - нагласуваат од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.
Одделенските и предметните наставници активностите ги реализираа со поддршка од дефектологот Велика Миленковска и педагогот Жаклина Стојановска, кои подготвија презентација за тоа што е аутизам.
Линк од презентацијата:
https://www.dropbox.com/scl/fi/8d94libgoj7a7nqtx1l7l/Autizam.ppt?dl=0&rlkey=opik43xadnl8o6f54eau8u4gg