Насловна
Почитувани христијани,
На сите кои денеска по грегоријанскиот календар го прославувате најрадосниот христијански празник Христовото воскресение, Општина Кисела Вода Ви упатува честитки со многу желби за среќен живот. Најпрво Ви посакуваме да имате одлично здравје, посакуваме љубовта да биде присутна насекаде околу Вас, да бидете исполнети со радосни мигови, и да имате напредок на сите полиња.
И во иднина, овој убав празник без разлика на припадностите и определбите, да ни носи радост и да го зајакнува заедништвото во нашата држава.
Христос воскресе!
Навистина воскресе!
Нека е честит и среќен Велигден!