Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Македонските репрезентативци во граплинг, во Србија од 47 тимови го освоија четвртото место

Борачите на македонската репрезентација, составена од членови на „Д Стронгест & РООТС БЈЈ“, на меѓународен турнир во граплинг во Србија освоија два златни и два сребрени медали, и се пласираа на четвртото место на табелата.

„На силниот меѓународен турнир во граплинг, ADCC Serbia 2021 кој вчера се одржа во Ковин, по пауза од година и нешто, нашата репрезентација предводена од селекторот Ивица Алексовски настапи со шест натпреварувачи (двајца за прв пат настапија на ваков меѓународен турнир). Членовите на нашиот клуб се покажаа во право светло. Тројца натпреварувачи од осум борби, добија седум борби и освоија два златни медали и еден сребрен медал - изјавија од клубот „Д Стронгест & РООТС БЈЈ“.

„Даниела Алексовска и Ева Илиевска освоија два златни медали, а Марко Петровски и Ане Цветковска освоија два сребрени медали. Алексовска со своите 15 години и 47 кг. настапи во категорија за девојки од 15 до 18 години и тежинска категорија до 60 кг.. Но и покрај што се бореше со потешки и постари противнички, полифиналната и финалната борба ги доби со зафат и го освои првото место. Илиевска во напредната категорија во своите две борби доминираше и двете борби ги доби заслужено и го освои златниот медал. Петровски се бореше во силна конкуренција на скоро дваесетина натпреварувачи, победи во три борби, а во финалната борба на продолжение изгуби на поени од противник кој беше еден од најквалитетните натпреварувачи на овој силен меѓународен турнир“ - додадоа од клубот од Кисела Вода.

За македонската репрезентација настапија натпреварувачи од  Скопје, Охрид и Куманово, кои во конкуренција од 47 силни тимови, од САД, Мексико, Полска, Италија, Словачка и други држави го освоија четвртото место.

линк за рангирање на државно ниво: https://smoothcomp.com/en/event/3364/toplist/12951/12705

линк за рангирање на тимско ниво: https://smoothcomp.com/en/event/3364/toplist/12952/12706

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa