Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и директорот на Агенцијата за млади и спорт денес на воведни активности за изградбата на кошаркарско игралиште во паркот 11 Октомври- Бараки

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, денес присуствуваа на воведните активности за почеток на изградбата на кошаркарско игралиште во паркот 11 Октомври- Бараки.

 

-Денес отпочнуваме со изградба на новото игралиште 3x3 во општина Кисела Вода, во  паркот 11 Октомври Бараки. Како што многупати досега имаме кажано, така и на терен покажуваме дека само преку соработка помеѓу сите институции на локалната и централната власт можеме да ја направиме  Кисела Вода поубаво место за живеење. Таков е и овој проект, тука, каде што е паркот, заедно со сите спортски содржини кои се предвидени тука. Дел од парковскиот дел е направен заедно со Градот Скопје, при што имаме дел парк, дел за миленичиња и дел за најмладите, а со спортскиот дел сметаме дека ќе понудиме содржини за жителите од сите возрасти. Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, ова е веќе трет проект кој го правиме заедно со нив заедно со трим патеката и базенот во ООУ Невена Георгиева Дуња. Со овие проекти ќе се разубави нашата општина, но акцентот го ставаме врз спортот, бидејќи само преку спорт можеме да изградиме една здрава нација и здрава иднина за нашето општество- рече градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

 -Чест и задоволство ми е што сум денес тука, на отпочнувањето на изградбата на ново баскет игралиште кое ќе даде едно ново светло на самиот проект. Имено, гледаме дека тука веќе има постоечко фудбалско и мало ракометно игралиште изградено од општината. Секако, наша заложба е и во наредниот прериод да продолжиме со градење на отпочнатото, туку зборувам и за оној поголем проект за изградба на затворен современ базен во ООУ Невена Георгиева Дуња. Се надевам дека наскоро и тој ќе биде отворен и со сите наши проекти ќе придонесеме за што помасовно спортување на најмладите. Пандемијата младите ги затвори по домовите, наша заложба ќе биде децата што поскоро да ги вратиме на спортските терени, па од нив да произлезе еден нов Перо Антиќ, нов Тоше Гечевски, нов Пандев и останатите-истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Тој истакна дека ова е 9-тото од проектот за изградба на 30 баскет игралишта низ целата држава. Настанот беше заокружен со увид во градежните активности за изградбата на базенот во ООУ Невена Георгиева Дуња, кој е во напредна фаза и се очекува да биде завршен до октомври годинава.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa