Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода го прославува својот 66-ти роденден

Со низа случувања, Општина Кисела Вода денес го одбележува својот 66-ти роденден.

 

Утринава, во паркот Македонија, свое обраќање имаше градоначалникот Филип Темелковски кој ги поздрави присутните и даде кус осврт на изминатата година. Посебен акцент стави врз Проектот за наградување на талентираните ученици и спортисти од општината, како и на најуспешните наставници, воспитувачи и негуватели.

 

-Работата на локалната самоуправа е да создаде услови, мотивирачка средина за амбициозните и да им помогне во остварувањето на нивните цели. Токму затоа, Општина Кисела Вода со низа проекти го трасира патот на талентираните и дава свој придонес во одбележувањето на исклучително важната улога на учителот во подигањето на младите личности, во зголемувањето на знаењето и промовирањето на вистинските вредности, во обезбедувањето на квалитетен кадар и подобра иднина за нашата земја-потенцираше градоначалникот Темелковски, кој потоа им ги додели наградите.

 

Во рамките на свечената прослава, беа доделени Плакети за благодарност на компании, институции и поедници кои во годината што измина многупати ја покажаа својата општествена одговорност и на тој начин дадоа свој придонес во подобрувањето на условите во општина Кисела Вода.

 Одбележувањето на 66-тиот роденден продолжи со свечена седница на Советот на Општина Кисела Вода. Кус говор одржа Претседателот на Совет, Дарио Шимиќ. Тој го истакна своето задоволство од 4 годишната активна работа на овој Совет, и големиот број на донесени квалитетни одлуки со кои се подобрува животот на жителите од овој дел на градот.  

-Сметам дека треба да бидеме горди на страниците кои ние ги испишавме во историјата на Општина Кисела Вода, подвлече Претседателот Шимиќ, заблагодарувајќи им се на сите советници за посветената работа.

 

По него, градоначалникот Филип Темелковски даде кус отчет за сработеното во изминатата година, потенцирајќи дека му е драго што на овој ден, Кисела Вода е изменета, урбанизирана, модерна и посакувана локација за живеење. Додаде дека и во изминатата, како и во претходните ри години, се работело интензивно, одговорно и чесно и дека на граѓаните им се оставаат проекти кои се конкретни и опипливи и трајни.

-Впрочем, такви беа нашите ветувања уште на самиот почеток, рече градоначалникот Темелковски, пред да даде детално потсетување на сработеното.

Прославата на 66-тиот роденден на Оштина Кисела Вода продолжува и во попладневните и вечерните часови. Имено, во 18 часот во паркот Македонија започнува хуманитарна Коријада која општината ја организира заедно со здружението на пензионери –Кисела Вода. По презентацијата и продажбата на белите пецива, следува концерт на пензионерите фолклористи од оваа општина.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa