Насловна
На сите граѓани, општина Кисела Вода им го честита големиот државен празник, 23-ти Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација.
Со основањето на револуционерната организација беше означен почетокот на организираната борба на македонскиот народ, кој преку Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република, а потоа и преку антифашистичката борба и АСНОМ, на 8 септември во 1991 година, создаде самостојна, суверена и независна македонска држава. Држава која е наша сегашност, остварен сон и наш завет пред генерациите што доаѓаат!
Нека ни е вечен Денот на Македонската револуционерна борба!