Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

Претседателката на ОИК Кисела Вода, денеска им ги врачи уверенијата на новиот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и на членовите на Советот на општината.

По примањето на уверението, Ѓорѓиевски се обрати пред присутните, заблагодарувајќи им се на сите кои му ја дадоа довербата, истакнувајќи ја својата интенција за раководење на општината на транспарентен и чесен начин, во интерес на граѓаните, заеднички со Советот, за кој изрази надеж дека ќе функционира одлично  и покрај својата политичка шареноликост.

-Благодарам за успешно спроведениот изборен процес. Сакам да нагласам дека без разлика што во Советот имаме претставници од повеќе политички партии, се надевам дека ќе имаме плодна соработка во наредните четири години и дека ќе успееме значително да ги подобриме условите за живот за сите наши сограѓани-изјави новиот градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

На денешната седница, уверенијата ги примија и новите 23 советници кои во наредниот четиригодишен период преку Советот на општина Кисела Вода ќе ги застапуваат интересите на жителите од овој дел на градот.

Мнозинството го има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“: со 12 советници, коалицијата предводена од СДСМ „Најдоброто за мојата општина“ има седум,  Левица доби три советници, додека добија коалицијата ЛДП/ДОМ доби 1 советник.

 Во наредните четири години,Советот ќе биде составен од следните советници:

Од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, Иван Живковски, Светлана Колариќ, Игор Трпевски, Николче Николовски, Татјана Нанкова, Горан Манасијевски, Никола Илиевски, Иван Митровски, Aрсена Глигорова, Лидија Малинковска, Стефан Стефановски и Тања Анчевска.

Од коалицијата предводена од СДСМ „Најдоброто за мојата општина“: Емилија Трајковска, Тодор Костадиновски, Симона Јовевска, Владимир Грујовски, Бојана Ацева, Дарко Филиповски и Елизабета Стефковска.

Oд политичката партија “Левица”: Теодор Трпевски, Донче Мишовски и Златица Жантевска-Пејиќ.

Советник ќе биде и Јане Петковски, кој на овие локални избори беше поддржан од коалицијата ЛДП/ДОМ.

Претседателката на ОИК-Кисела Вода, Татјана Алексовска Сапунџиоска, на градоначалникот и на советниците им го честита изборот и им посака успешна четиригодишна работа.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa