Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Градоначалниците Ѓорѓиевски и Арсовска денес на Новогодишниот хуманитарен базар во Кисела Вода

Еден убав предновогодишен настан се одвиваше денес во паркот Шопен. Хуманитарен базар во организација на Општина Кисела Вода и повеќе здруженија на деца со посебни потреби, кој освен  забавен карактер, имаше и сегмент на социјална инклузија. На настанот, покрај градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

 

На самиот почеток, се обрати градоначалникот Ѓорѓиевски, кој ги поздрави присутните и го нагласи социјалниот аспект на настанот.

-Големо е моето задоволство што денес сме сите заедно тука, на Новогодишниот хуманитарен базар кој има за цел да донесе празнично расположение, а најмногу од се’ да ги израдува нашите најмлади жители, дечињата од Општина Кисела Вода. И во овој настан, како и во настаните кои Општина Кисела Вода во иднина ќе ги реализира, се потрудивме да вметнеме нота на социјална инклузивност, па организацијата на истиот ја поделивме заедно со Здружението „Куќа на среќата“ и „Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа“- Скопје.

Изработките кои денес се на продажба по симболични цени ги изработија дечињата од градинките во општина Кисела Вода и децата од неколку од  здруженијата. Средствата од продажбата, пак, ќе се наменат во хуманитарни цели, за потребите на лицата со попреченост-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, кој потоа, заедно со градоначалничката Арсовска, ги посетија и купуваа од штандовите со изработки.

Настанот продолжи со интересна музичко-сценска програма во која беа вклучени учесници од сите генерации. Свој штанд имаше и Одделението за превенција при СВР Скопје коe на присутните им делеше едукативни летоци за безбедно славење на Новата година без употреба на пиротехнички материјал.

На крајот, За децата со попречености се поделија новогодишни пакетчиња, пактчиња добија и децата на вработените во општината, како и повеќе други дечиња кои беа во паркот и се сликаа со Дедо Мраз. Пакетчињата, преку донации се обезбедени од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa