Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Донација од градоначалникот Ѓорѓиевски: Нашата сограѓанка полесно ќе ги помине зимските денови!

Билјана Блажевска од населбата 11 Октомври полесно ќе ги мине студените денови кои доаѓаат. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски слушна за нејзината потресна приказна која ја сподели бендот ДНК и се приклучи на повикот за помош.

Најголемото барање на оваа самохрана мајка која останала без финансиски прилив беше електричен шпорет и дрва за огрев. Токму во тоа се состои донацијата од градоначалникот Ѓорѓиевски, кој денес заедно со Панчо од ДНК ја посети и и’ ја достави.

 

Поразговара со оваа храбра жена околу другите потреби на нејзиното семејство и и’ вети дека нема да биде заборавена.

-Ја видов потресната сторија за госпоѓа Билјана. Морам да признаам дека многу ме погоди, нејзината борба за живот е рамна на херојство, битката за нејзините болни синови исто така. Ме погодуваат сите вакви случувања од животот кога во еден момент се руши светот, губиш сѐ, се соочуваш со болести...Животот понекогаш не е фер, но исто така постојат и многу хумани луѓе кои ѝ помагаат. Денес се вклучив и јас, во заедничка акција со ДНК се потрудивме Билјана зимата да ја помине на топло. Од нас побара електричен шпорет кој го обезбедивме, но и доволно огревно дрва за да ја помине целата зима. Но, тука не завршуваме. Проблемите на тетка Билјана се наши заеднички проблеми. Како општество мораме да бидеме хумани и да направиме сѐ за да ѝ го олесниме животот, нејзината болка да ја ублажиме, а потешкотиите да ги надминеме. Солзите радосници и убавиот благослов за мене се најголема награда.Знам и дека има уште многу други хумани луѓе кои ќе помогнат, знам дека заедно ќе успееме.  Биљана заслужува достоен живот. Посакувам да има што помалку вакви потесни стории, посакувам животот на никого да не му приредува вакви или слични премрежја. Мојата мисија е општина Кисела Вода повеќе да нема вакви случаи и заеднички тоа и ќе го постигнеме-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Личната приказна на Билјана Блажевска од општина Кисела Вода и сите податоци преку кои хуманите граѓани можат да и помогнат, е достапна на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=4sEXtW1bU5w

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa