Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Се реконструира кровот, фасадата и се гради лифт за деца со посебни потреби во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на воведните работи во реконструкцијата на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”. Во ова училиште ќе се врши промена на кровната конструкција, ќе се постави нова термоенергетска фасада, а со изградбата на лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, објектот ќе стане целосно достапен за лицата со посебни потреби.

-Се работи за стар училишен објект, граден во 1962-та година. Постојниот кровен покривач е изведен од азбест, кој како штетен материјал, веќе не се употребува и е забранет. Фасадата е сочувана, но е потребна нејзина замена со енергетски ефикасна.

Општина Кисела Вода го изработи проектот и аплицираше на јавниот повик на МОН, по што доби финансиски средства за овие градежни зафати. Воедно, ќе се гради и лифт за дечињата со посебни потреби кои тука следат настава. Достапноста ќе ја зголемиме со изградба на пристапни рампи во целото училиште, тоалети за лица со инвалидитет.

Предвидена е и изградба на паркинг места за овие лица и дактилни патеки во дворот на објектот. Со тоа, ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе стане првото целосно инклузивно училиште во Скопје. Проектите кои се поврзани со здравјето на нашите деца, посебно кога истите носат подобрување на условите и за лицата со посебни потреби, секогаш ќе имаат приоритет на мојата листа на делување како градоначалник -изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Средствата за адаптација на училиштето за лица со посебни потреби, се обезбедени преку Проектот  „Подобрена достапност на образовните установи за лица со попреченост“ во рамки на програмата „ЕУ за инклузивност – ИПА, потпишан меѓу Владата и Европската Комисија.

Во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, настава посетуваат 637 ученици. Има две паралелки со деца со оштетен слух и говор, а во повеќето од паралелките има ученици со посебни потреби.

Настанот финишираше со делење на пакетчиња на децата со посебни потреби од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa