Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, им го честиташе Божик на сите верници од православна вероисповед кои денес го празнуваат Христовото раѓање.
-Бoжик е празник за семејството, празник кој нѐ спојува и потсетува колку е важна слогата во него, колку е важно да се држиме заедно и безрезервно поддржуваме. Божик, исто така е најрадосниот празник бидејќи е симбол на Христовото раѓање, како празник на животот.
Посакувам да има многу љубов и здравје, среќа и бериќет во сечиј дом. Нека секој нареден ден ви биде исполнет со успеси.
Да бидеме сплотени и да имаме разбирање во семејството затоа што тоа е она кое ни дава несебична поддршка движејќи се кон сите препреки и предизвици со кои се среќаваме на нашите животни патеки- честиташе градоначалникот Ѓорѓиевски.