Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Ѓорѓиевски: За справување со снежното невреме, покрај специјализираните возила, на располагање ги ставаме сите службени возила и целокупниот човечки потенцијал

Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди предводен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес, во просториите на Општина Кисела Вода одржа координативен состанок. Согласно дестабилизацијата на временските услови и снежните врнежи кои од утринава не престануваат, донесени се повеќе одлуки и мерки, со цел помош и заштита на граѓаните.

На состанокот беа дефинирани критичните точки во општината  и се направи план за мобилизација на дежурни тимови, кои навремено ќе реагираат и во текот на ноќта и во деновите кои следат, се до стабилизација на временската состојба. За очекуваните замрзнати јавни површини, обезбедени и поделени по месните и урбаните заедници, градинките и училиштата, се 400 вреќи со сол. На располагање стојат неколку камиони специјализирани за чистење на снежните наноси, како и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари.

Покрај целокупниот човечки потенцијал, Општина Кисела Вода на располагање на граѓаните ги става и сите службени возила. Имено, доколку имаат некаква итна потреба и заради временските услови се спречени да ја остварат, можат да се јават на телефосниот број 075/309-548 (Далибор), да пишат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода. Нашите тимови координирано ќе излезат во пресрет на жителите и нивните неопходни потреби. Воедно, ги повикуваме граѓаните да не контактираат и доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.

Општина Кисела Вода упатува апел до деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти на оваа територија за почитување на законската обврска за расчистување на снегот пред влезот на истите. Воедно, се замолуваат исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Воедно, апелираме и до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови  и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa